Протест на судските работници – ако не им се исполнат барањата, од септември излегуваат на штајк

Судските административни работници се заканија или покачување на платата за 30% или од 1ви септември влегуваат во генерален штрајк. Денеска пред сите судови во државата, службениците излегоа на протест. Најавија блокирање на улици и неиздавање на уверенија. Освен покачување , бараат исплата на додатоци на плата не помали од 25%, како и исплата на разлика..

  „Ние не се согласуваме со покачување на плата од 19% што Владата и Сојузот на синдикатите го договорија. Исто така, не се согласуваме и со К-15 во висина од 10.000денари. Многу револтирачки е што од нашпите средства, односно доделени од Судски совет 15% на плата, вчера министерот ги одби„ изјави Јасмина Величкова, претседателка на Независен синдикат на судска администрација.  

Најголем дел од судските службеници  земаат минималец или просечна плата, а со последното покачување  на платата на функционерите, што ги опфати и судиите се појавила невидена разлика, реагираат од Здружението на судска администрација

   „ Над 90% од вработените во судската служба земааат плата под просекот. Земаат во распон меѓу минималната и просечната плата. Многу мал дел земаат просечна плата. На една рака можат да се избројат раководните службеници, кои земаат малку повеќе од просечната плата„ изјави Верица Тасева од Здружението на судска администрација.

Од Здружението побараа поддршка од Судскиот буџетски совет и Здружението на судии да издејствуваат донесување на нов закон за Судски буџет, со кој ќе се обезбеди судската власт да има самостоен буџет.

Александра Ристеска

Advertisements

Поврзани вести