Протест на децата од „Мал битолски Монмартр“ бидејќи по 30 години МОН одби да ги финансира

Не се откажуваат…најмладите со четките во рака, му покажаа на Министерството за образование дека нема да се откажат од „Мал Битолски Монмарт“. Во знак на протест сликаа пред вратата на министерството откако по 30 години  им ја прекина финансиската поддршка.  

8-ми ден ние немаме решение од министерот Јетон Шеќири за негативната изјава на државниот секретар Анета Трпевска дека по 30 години МОН без никакво објаснување ни ги преќинува финансиските средства. Неофицијално при еден разговор со министерот тоа се некои измени во законот кои што спречува државата т.е. МОН да финансира здружение на граѓани а биле донесени 2009, 2015та година. Не ги најдовме тие закони“ – вели Славчо Неделковски, претседател на У.О. на студиото „Св. Кирил и Методиј“ – Битола.

Од МОН нема конкретен одговор зошто одлучија по 30 години да не го финансираат „Мал битолски Монмартр“.

Откако јавноста жестоко реагираше на одлуката на министерството, тоа за култура понуди да го земе под своја капа, но организаторите не се сложија. Сметаат дека на тој начин би станале национална установа, додека нивната цел е далеку поширока, но пред се образовна.  Затоа и со години биле под МОН.

Се додека во среде месец јули, МОН одлучил да престане да ги финансира.

Тука ние имаме проблем, за 7ми месец ние сме блокирани од страна на УЈП. Не можеме сега да интервенираме дури ни со наши средства да ставиме 30.100 денари колку што кошта сето тоа и да ни се одблокира сметката. Тоа е проблемот кој што ни го создаде МОН“ – вели Неделковски. 

Во изминатите шест месеци учениците учествувале на 10 светски детски ликовни конкурси и на пет светски детски ликовни колонии и освоиле над 85 награди.

Основач на оваа детска ликовна колонија е  детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј”, а признаени се од светски организации како УНЕСКО – Интернационалниот Олимписки Комитет – Обединетите Нации .

Бојана Златкова