Протест во Велес во 13 часот: Македонија мора и може да оди напред само доколку црнилото наречено СДСМ и Заев си заминат

Протестните маршови ширум државата продолжуваат. ВМРО-ДПМНЕ и денеска излегува на улица на протест против, како што велат, црнилата кои СДСМ ги наметнува.

Од партијата ги повикуваат граѓаните кои се против оваа ненародна и расипничка власт, да се придружат на денешниот протест во Велес во 13 часот.

-Македонија мора и може да оди напред само доколку ова црнило наречено СДСМ и Заев си заминат час поскоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Протестираме затоа што: Сме против економските црнила, против сиромаштијата, зголемените даноци и беспарицата кои му тежат на секој еден граѓанин, против економијата која стагнира и која губи здив. Сме против политичките црнила, против неправдата и несигурноста, против црното политичко мочуриште каде прогонот станува закон, а законот мета за поткусурување. Сме против општествените црнила, против загрозеното здравје на граѓаните и нефункционалниот здравствен систем и тивкиот убиец загадувањето кое наместо да се намалува, се мултиплицира. #МакедонијоНапред“.