Протести на мигрантите на Лезбос и Хиос поради лошите услови во камповите

Околу 200 мигранти од преполнетиот регистарски и идентификациски центар Морија на островот Лесбос денеска во поворка се упатија кон градот Митилини во знак на протест поради лошите услови за живот во кампот и нивното задржување на островот, објави весникот „Катимерини“.

Полицијата постави блокади на патиштата за да ги спречи мигрантите да стигнат до главното пристаниште, но по разговорите со полициските службеници демонстрантите го прекинаа протестниот марш.

Истовремено, околу 70 мигранти организираа протест и на островот Хиос.

Полицијата смета дека двата протеста биле координирани.