Протести за правда пред владата – Се бара одговорност за Онкологија и поништување на измените на кривичниот законик
„За болни физиолошки раствор, за апашите амнестија.“ Двоен протест пред Владата. Граѓаните бараат оставки за аферата на онкологија, како и укинување на новиот кривичен законик. Велат, ова веќе не се издржува.
Од протестот под мотото, „убиство во онкологија“ порачаа дека немаат барања туку ултиматуми. Ревизија на работата на клиниката и поранешниот министерот за здравство Венко Филиче, информации за истрагата на обвинителите како и затвор за криминалците.
- „Откако завршивме со протестот минатата недела, во собранието беа донесени најнови измени на кривичниот законик и тоа со европско знаменце. Со кој драстично се намалуваат казните за злосторничко здружување и злоупотреба на овластувањата. Вака ли ја замислуваа правдата? – Праша Александар Панајотов.
Во истовреме протестираа и студентите на правните факултети, кои се противат на измените на кривичниот закон и скратената постпака под која се донесе.
- „Тоа што се предава на факултетот не се практикува во реалноста. Кулминираше во сегашните измени на кривичниот законик. Периодот во кои што се случуваат е сомнителен и тоа доведе студентите да изразат незадоволство. Бараме да се врати правото, да се практикува како што треба, да се има правда за граѓаните во државата. “ – Порача студентпт Лазар Симонов
Тие порачаа и дека ако не се врати правниот систем во Македонија, ќе продолжат со протестите.
Никола Цветкоски
КАТЕГОРИИ Uncategorized