Протестите и штрајковите станаа секојдневие, незадоволството на граѓаните од СДСМ и ДУИ, расте во сите сфери
Кога дојдоа на власт прва работа што ја направија беше да ја тргнат кованата ограда од пред влада, но сега цели седум години подоцна се кријат зад полициските метални барикади. Илинденска повеќе е затворена, отколку отворена за сообраќај. Протести, штрајкови пред владата станаа секојдневие во Македонија. Незадоволството на граѓаните од власта на СДСМ и ДУИ, расте во сите сфери на живеењето. Протерстираат студентите, протестираат пензионерите, административните работници, родителите, гневните за случаите во онкологија. Нема ден, а во Скопје, но и во останатите градови некоја улица да не биде затворена, оти народот веќе нема каде да се обрати, зошто државата не ги заштитува граѓаните, сметаат дел од познавачите.
Политичкиот аналитичар Александар Пандов за Алфа вели дека имаме распад на системот, а државата е на колена. Според него, во недостиг на грижа на државата за граѓаните, тие основните човекови права ги бараат на улица, затоа што друг начин нема.
Напластените проблеми кои ги продуцира оваа неспособна и корумпирана власт овие 6-7 години наназад, еруптират во моментов. Имаме незадоволство на секој план, здравствен, образовен, судски, обвинителски, афери се нижат недела за недела, ден за ден и тоа афери кои не засегаат сите нас. Ја загризуваат нашата сигурност, дали е тоа здравствена или физичка. Имаме распад на системот, за жал и државата е на колена. Во таква ситуација дури и зачудува бројката на луѓе и честината на која излегуваат, за очекување е ако ова вака продолжи, а не може поинаку да биде, оти во наредниве неколку месеци ќе бидат СДСМ и ДУИ на власт, тие протести, тоа незадоволство, се повеќе биде искажувано од луѓето, вели Пандов.
Според Пандов, решение за спас на општеството се избори, бидејќи како што вели владата на СДСМ и ДУИ се грижи само за себе, а не за граѓаните.
Незадоволството кое што зрачи од тие протести против оваа актуелна власт се шири се повеќе и повеќе, луѓето се тотално разочарани, фрустрирани од немоќта на државата и живеење во две брзини, една за властодржците, а во втора сите ние останати. Сето тоа на крајот од денот ќе се рефлектира на наредните парламентарни избори и во редовен термин да се, се за не повеќе од 5-6 месеци, вели Пандов.
Секој понеделник е резервиран за протести за жртвите на онкологија, црвена боја, жални пароли и барање за правда за сите засегнати од случајот. Така беше и вчера со трансапренти „За болни физиолошки раствор, за апашите амнестија, граѓаните пак го покажаа своето незадоволство.
Вчера протестираа и студетите од правните факултети заради новите измени на КЗ, а утре пред владата ќе се најдат и пензионерите, а идната недела вработените во Обвинителствата и судовите.