Протерани европски пратеници од Венецуела!

Опозицискиот лидер Хуан Гваидо го критикуваше изолираниот и неразумен режим, поради протерувањето на петмина европски пратеници, на почетокот на неделата што е пресудно за Венецуела, бидејќи во сабота во земјата треба да влезе хуманитарна помош, на што се противи претседателот Николас Мадуро.

„Само што не протераа од Венецуела: Ни ги одзедоа пасошите, не не информираа за причината за протерувањето и не добивме никаков документ во кој би биле наведени причините за таквата одлука“ рекол Шпанецот Естебан Гонзалес Понс, еден од петмината протерани европски пратеници