Пропадна финскиот експеримент: државните пари не ги натераа невработените во Финска да бараат работа

Ни загарантираниот основен додаток од 560 евра не ги поттикна невработените Финци да бараат работа.

Загарантираните 560 евра месечно не ги мотивираа невработените во Финска да бараат работа.

Финската влада, со цел да ја подобри работната атмосфера и да ја намали невработеноста, по метод на случаен избор одбрала 2000 лица на кои одлучила секој месец да им овозможи примање на основен доход во рок од две години. 

Намерата била невработените лица да почнат да размислуваат за вработување кога имаат социјална сигурност. Меѓутоа, се покажало дека оваа мерка, која е прва од ваков карактер во Европа, не успеала да го поттикне вработувањето.

“Влијанието врз вработувањето во првата година од тестирањето е мало”, е соопштено од финското Министерство за здравје и социјални прашања.

Единствениот позитивен ефект било признанието од невработените лица дека се посреќни и поздрави по редовниот основен доход. Финската влада минатата година презела нови мерки и вовела казни за невработените кои одбиваат или не сакаат да прифатат работа додека ги добиваат придонесите.

Инаку, невработеноста во Финска паднала на 6,6 отсто, што е најмалку во последните десет години.