Пропадна првото рочиште: Димова се правда била болна, обвинителката Мирчевска Кузмановска имала поважни обврски 

Лидија Димова, разрешената директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, сега обвинета за злоупотреби не се појави уште на првото рочиште. Не дојде ниту обвинителката Сузана Мирчевска Кузмановска, која на пет минути до почетокот на судењето го известила судскиот совет дека има други службени обврски, па поради тоа не ќе може да присуствува. Првообвинетата Димова не се чуствувала добро, па преку своите бранители доставила потврда од пред четири дена дека треба да е на домашно лекување поради влошена здравствена состојба, но без да приложи друг доказ. На судијката Фанка Јанчулева Михаиловска не и се допадна ваквиот почеток на судскиот процес.

„Не гледам дека има какви било други анализи. Потврдата е од 9.11.2022 година. Само чисто домашно лекување? Или има анализи? Доставете ги за да нема погрешна слика. Ова за мене не е доволно за одлагање на рочиштето. Освен што ќе има предлог за одлагање, мора да има и докази прифатливи за судот за да се одложи рочиштето“, кажа Јанчулева-Михаиловска.

Судијката беше децидна дека потврдата која ќе Димова ја доставила не е доволна за одлагање на рочиште. По ова беше презентиран и допис од Сузана Мирческа Кузмановска од Организиран криминал која ги гони обвинетите која исто барала одлагање поради неодложни обврски.

Екс- директорката се гони направена штета од 20 милиони денари со злоупотреби на средства на европската заедница. Второобвинет е  Александар Гочев за подигнување на авансни пари од Агенцијата без соодветна документација и благајничката Ана Павлиду која му ги давала парите, а не смеела.

Викторија Миткова

Advertisements