Пропадна и денешната средба на Синдикатите за платите во јавниот сектор, тие се надеваат на договор в понеделник
Нема договор за покачување на платите на јавната администрација. Пропадна и денешната средба во министерството за Финансии со Синдикатите кои бараат повисоки плати за работниците. По состанокот на повисоко ниво, имало сериозни доближувања кон барањата за покачување на платите и за исплатата на регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор, но договор и натаму нема.

Има сериозни доближувања за покачување на платите на рабодниците, ама договор се уште нема. И на денешната средба во министерството за финансии со Синдикатите кои бараат повисоки плати за јавниот сектор, не се најде конретно решение. Според првиот човек на Сојузот на синдикатите се разговарало за проценти од 14,2%, 12,5% и 10,9% за раст на платите, но уште е нејасен начинот на пресметка за евентуалното зголемување.

- „Мислам дека за многу кратко време ќе дојдеме до заедничко решение, што и како ќе се случува со платите на вработените во јавниот сектор, за колкав процент ќе пораснат и дали ќе има исплатата на регресот за годишен одмор и колкав ќе биде. Министерството за финансии треба да ги направи дополнителните пресметки во текот на денот и да ни ги достави за да можеме да донесеме одлуки на нашите органи и тела“,рече Трендафилов.
На новинарско прашање колкав процент конкретно, на зголемување на платите им бил понуден, претседателот на ССМ не откри. Рече дека не сакале да се наруши процесот на преговори.
- „Не би сакале да го нарушиме целиот процес додека не ги направиме нашите внатрешни консултации и они нивните. Блуски сме до она што го разговараме. Доколку се направат пресметките правилно ќе се задоволат сите страни“, истакна Трендафилов.
Во време кога се преговара за нова методологија за плати, министерката за труд и социјала да не се меша во работата на Сидикатите, додаваат тие. На Јована Тренчевска ѝ порачаа ако сака уште одма да се зачлени во ССМ, а не да дава забелешки кој е претседател на Синдикатот. Изборот, рече, е потврден и од Меѓународната конфедерација на синдикати, а во регистерот се уште стои името на веќе починатиот Дарко Димовски. Од ССМ побараа поголема сериозност.

На министерката за труд и социјална политика тој ѝ реплицираше во однос на забелешкта дали го претставува ССМ.
- „Јас сум избран за претседател од Конгресот на ССМ за жал, поради прераната смрт на Дарко Димовски. Изборот е потврден и од Меѓународната конфедерација на синдикати. И во македонскиот регистер тоа треба веднаш да биде заведено, а не уште Димовски да фигурира. На министерката ќе ѝ порачам дека може уште денеска да се зачлени во ССМ ако сака да разговара за внатрешните работи во ССМ“, рече Трендафилов.

Инаку, на претходната седница на Економско-социјалниот совет, Трендафилов рече дека предлогот на синдикатите е инфлацијата од 14,5% да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите.
Дали ова ќе биде конечен одговор, или сепак ќе омекнат ставовите, ќе видиме в понеделник, кога било договорено да се реализира уште една средба во Финансии, а дотогаш органите и телата на синдикатите мора да одлучат, она што последно го дискутирале – дали е прифатливо за нив и за вработените во јавниот сектор.
Борис Грујоски