Пропадна и вториот Јавен повик на Град Скопје, ниту еден возач од приватните превозници не се пријавил на огласот

Пропадна и вториот Јавен повик на Град Скопје за приватните превозници на три градски линии 9, 11 и 12. На огласот не се пријавил никој, зашто ниту еден возач од нив не изразил интерес, вели за Алфа сопственикот на „Макекспрес превоз“, Милорад Димитријевски. Според него, сето ова се случува поради лошиот однос од страна на Градот, па затоа, превозниците биле приморани своите вработени кои 30 години работеле – да ги испратат како технолошки вишок. Сега, велат, го тужат Град Скопје за сета неправда што им ја нанесе и очекуваат позитивен исход.

  • Очекувано е ниту еден од возачите на „Макекспрес превоз” нема да не се пријави на новите повици на Град Скопје за приватни автобуски превозници. Тоа е зашто до сега имавме многу лоша соработка со Градот, повеќе месеци не трупаат со проблеми, разбирање немаше. Ние имаме поднесено тужба до Управниот и до Апелациониот суд. Се надеваме на позитивна разврска. Сега чекаме средба со премиерот Димитар Ковачевски и се надеваме дека тоа ќе биде во најбрзо време, вели за Алфа Милорад Димитријевски од „Макекспрес превоз“.

Приватните превозници тврдат дека договорите им биле незаконски раскинати и очекуваат со одлука на Влада да бидат вратени во системот на јавниот градски превоз, а за долгот кој ЈСП го има кон нив да се договорат по пат на медијација, како ќе им биде исплатен. Велат градоначалничката не сакала да чуе да ги прими на разговор.

  • Од Град Скопје не знам од кои причини немаат никаква комуникација со нас, тоа нее добро, иако до сега направија еден куп пропусти кон сите превознити, но тоа е што е, се надеваме дека скоро ќе се среди состојбата, додава Димитријевски за Алфа.

Сите очи од страна на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ се вперени во премиерот Димитар Ковачевски, и чекаат средба.

И додека Град Скопје и приватните превозни си ја префрлаат топката кој е виновен што нема приватни автобуси на скопските улици, сиот товар паѓа врз грбот на граѓаните, кои за жал чекаат автобус и побеќе од еден час, за да стасаат до саката дестинација.

Покрај овој, минатата недела пропадна и првиот оглас за линиите 20 и 22, зашто ниту еден од нивните возачи не се пријавил за овие линии.

Данела Арсовска тврдеше дека градот може да функционира и без приватните автобуси, но двата огласи го покажуваат спротивното – бидејќи се бараат дополнителни 48 автобуси и 103 возачи за овие 5 градски линии, што за жал ги нема.

Борис Грујоски

Advertisements