Промоција на тројазична книга за деца „Сонливи приказни од тајната шума“

Тројазичната книга за деца „Сонливи приказни од тајната шума“ ќе биде промовирана на Саемот на книгата в недела (12.05.2019) во 11 часот. Авторка на книгата е Алма Растодер.

Содржината е поделена на раскази и песнички во три дела: на македонски јазик, на босански јазик и на албански јазик. Ликовите во расказите се две дечиња, сестричка и братче кои од секојдневни ситуации, одеднаш се наоѓаат во волшебната шума каде преку фантастични случки, ги решаваат своите детски проблеми и прашања. Од тие случки извлекуваат поуки кои важат за сите дечиња и им се блиски за периодот кога растат и се развиваат. Генерално, расказите и поуките извлечени од нив лесно можат да бидат искористени од родителите, кои преку читањето ќе им укажат на децата на вредностите што едно дете треба да ги има. Во расказите е потенцирано дека децата не треба да имаат предрасуди за другиот, кој е различен од нив.

Промотор е проф.д-р Владимир Мартиновски, а настанот ќе го збогатат децата од Тинтири – Минтири шоу.

Издавач на „Сонливи приказни од тајната шума“ е ЕДУКА МАК. Издавањето е поддржано од Министерството за култура.

Саемот на книгата се одржува во ВИП АРЕНА „Борис Трајковски“.