НАЈНОВИ ВЕСТИ

Промоција на најновото дело на Елка Јачева Улчар „Презимето кај Македонците”

Вечерва со почеток во 20 часот во музејот на револуционерната борба на Македонија се промовира најновото издание од лингвистката, македонистка и ономастичар, професорката на институтот по македонски јазик, Елка Јачева Улчар. Станува збор за нејзиното најново дело „Презимето кај Македонците“ во издание на „Менора“. Промотори на ова капитално дело се Игор Радев, Александра Чиварзина и Катерина Тодороска. Во музичкиот дел на промоцијата настапуваат Иван Наумовски – бас баритон, во пијано придружба на Елена Атанасовска-Ивановска, со композициите на Дарија Андовска, испирирани од 3 македонски песни. Модератор на настанот е Татјана Алексиќ.