Променливо облачно и ветровито со умерен до засилен северен ветер

Утрово најстудено беше во Маврово, Лазарополе и во Штип каде беа измерени 2 степени, во Скопје – Петровец, Берово, Демир Капија и во Крушево 3, во Тетово, Крива Паланка, Битола, Прилеп, Виница и Пожаране 4, во Скопје – Зајчев Рид, Прилеп и во Охрид 5, во Гевгелија 6 и најтопло во Дојран осум степени.

Преку денот времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието, како и на планините. Во текот на денот дневната температура нема многу да расте, а на места и ќе опаѓа. Попладне облачноста ќе се намали.

Температурата ќе се движи од 5 до 13 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер. Облачноста ќе има тенденција на намалување. Температура ќе достигне до 10 степени.

Од утре до сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро. Во сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад, кои во недела и понеделник на повисоките места и на планините ќе бидат од снег