});

Промените во даночната сфера лошо ќе влијаат на туризмот

Законските измени кои што ги заговара Владата, а се однесуваат на промени во даночната сфера лошо ќе влијаат посебно во делот на туризмот. Експертите појаснуваат дека предложените измени во данокот за закуп ќе се одразат врз хотелиерството, но посебно ќе удрат врз приватните станоиздавачи, бидејќи даночната стапка за закуп се менува за 50%,а делот од прифатените трошоци се намалува од 30 % на далеку помал износ. Туризмолозите сугерираат Владата сериозно да размисли пред да ги воведе овие мерки.

Проблемот со даноците е горлив проблем велат стопанствениците за целиот бизнис сектор, затоа побаравме од Владата, велат, даночните реформи да се одложат за 5 години.

Од Стопанската комора на Македонија пак сугерираат да се смени постојниот модел на субвенционирање доколку сакаме ефектите од субвенционирањето уште повеќе да се почувствуваат.

Субвенционирањето кое се воведе во 2010-та година е една од најдобрите мерки кои го зајакнаа македонскиот туризам, но факт е дека овој модел треба да се менува, а за тоа треба да се направи сеопфатна анализа и истражување-велат од Стопанската комора на Македонија.

Росица Голабоска