Промената на Уставот не е единствениот услов за Македонија во ЕУ – Радев им пиша на европските лидери
Уставните измени за впишување на бугарите нема да е единствен услов за влез во ЕУ, туку само прелиминрарен, напиша претседателот на Бугарија, Румен Радев во писмо испратено до лидерите на земјите членки на Европската унија, во кое бара пристапниот процес за нас да не се одвива врз како што тој вели, политика на лобирање.
- Факт е дека Бугарија никогаш не го оспорувала правото на граѓаните на Македонија да го дефинираат својот современ идентитет и да го нарекуваат својот службен јазик како што сакаат. Бугарија само реагира на обидите да се изгради идентитетот на земјата на антибугарска основа и со присвојување на бугарската историја, слично на опседнатоста на Скопје со античкиот период до потпишувањето на договорот со Грција во 2018 година. Напиша Радев.
Во меѓувреме, во високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Босел за бугарското радио БНР, изјави дека билатералните прашања нема да го одредат пристапниот процес за Македонија.
За разлика од Радев пак, вели дека нема пречки за приклучување на Македонија кон Унијата. На прашањето кои би биле следните чекори на Унијата доколку до ноември Македонија не ги вклучи Бугарите во уставот, Борел вели дека земјава има добар напредок.
- Македонија забележува добар напредок и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното приклучување кон ЕУ. При тоа приклучување стриктно ќе бидат почитувани европските принципи и стандарди. За тоа е неопходна добра соработка, а регионалната соработка останува суштински елемент, исто како и стабилизацијата за да може да се спроведе пристапниот процес. Но билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на приклучувањето. – Истакна Борел.
Писмото на Радев доаѓа откако неодамна германскиот Бундестаг донесе резолуција во која се изразува почит и поддршка на македонскиот идентитет, јазик и култура и ги повикува власта и опозицијата во земјава да ги спроведат уставните измени, а од Бугарија бара да се воздржи од поставување на дополнителни услови. Слична резолуција најави и Франција, а според владата, овој чекор се очекува да го следат и други земји членки на Европската Унија.
Никола Цветкоски