НАЈНОВИ ВЕСТИ

Производите што ќе поевтинат ќе имаат означена цена во маркетите – „гарантирана цена“

Министерот за економија Крешник Бектеши си наоправи вистинска промоција за цените кои буквално дивеат на пазарите. Ппа така, денеска во пресрет на одлуката за занрзнување на цените – најави своевидна кампања за граѓаните да знаат што и како поевтино да пазарат. Конечната одлука што и колку ќе поевтини допрва ќе треба да се соопшти.

Со ознака „гарантирана цена“ од среда повеќе од 50 прехранбени производи ќе се продаваат за 10% поевтино, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Дали граѓаните ќе пазарат поевтино, како нашите соседи од Србија, ќе видиме за два дена. Владата утре на седница ќе ја утврди листата на производи кои нема да смеат да поскапат до 30 ноември. Станува збор за 25 категории од пекарската, месната, млечната и кондиторската индустрија, кои во маркетите ќе се продаваат со ознака, а ќе чинат колку што се продавале на 1 август.

  • Ги повикувам производителите и диструбутерите кои не се наоѓаат на листата, доброволно да се пријават за намалување на цените, односно да не се почувствуваат дискриминирани, да се пријават нивните производи да имаат ознака ‘гарантирана цена’. Јас утре ќе имам разговори со производителите и диструбутерите на алкохолни и безалкохолни пијалоци и чекам позитивен фидбек за да се намалат и нивните цени до 30 ноември. Има интерес од одредени компании во вакво кризно време да станат општествено одговорни компании и да им излезат во пресрет на граѓаните“, изјави Бектеши и најави казни за злоупотреби согласно Законот за трговија и Законот за потрошувачи.

Листата на прозиводите, како што нагласи министерот, е направена според листата на Државен завод за статистика за тоа што најмногу трошат граѓаните. На пример, ако млекото или макароните поевтинуваат за 10%, тоа значи дека намалувањето ќе биде за сите фирми, а не само за одреден бренд. 

На поевтината листа не се алкохолните и безалкохолните пијалоци, но Бектеши рече оти е уверен дека и тие ќе се продаваат со ознака „гарантирана цена“, ама кога не кажа.

Секој кој ќе се обиде да го изигра Законот ќе биде казнет, па дури и ќе му се стави клуч на врата.

Измени ќе има и во делот на акциите кои можат да ги прават маркетите. Од Владата објаснија дека ќе бидат дозволени акции на прозиводи заради уште пониски цени од гарантираната. Но, ако има акција заради истек на рокот на некој производ, тоа јасно мора да им биде нагласено, за граѓаните да не бидат доведени во заблуда.

Борис Грујоски