Производителите на модрата слива од Делчевско се револтирани и се закануваат со протести

Можни се нови протести  доколку власта во најскоро време не изготви сериозна стратегија за откуп на модрата слива.  Производителите од делчевско се револтирани бидејки илјадници семејства се оставени на работ на егзистенцијата.

   –Синока баш планиравме некој протести да организираме. Дали ќе има не знам. Ние продолжуваме да бараме, а државата не заборави.меганизацијата ни е веќе стара, нафта и препарати трошиме, а никакво  фајде немаме –изјави Оливер Маринков-производител на сливи од с.Град,Делчево

Берат луѓето,нема на кој да ја дадат..жално, се мачат улагаат и на крај ништо-изјави Атанас Ангеловски-pпроизводител на сливи с.Град, Делчево

Бербата на сливи почна. Годинава има богат род,  а по 12денари килограм се откупува само од поголемите производители. Производителите се револтирани затоа што им се укинати и дел од  субвенциите..

  

Ланската година ни ги укинаа субвенциите и за берба и сега кога ќе се направаи целата математика, ќе излезе дека се нема сметка да се бере –изјави Славчо Деспотовски-сливар од Делчево

Проблемот со откупот на сливи во делчевско трае со години. Пред две години поради истиот овој проблем како и ниската откупна цена производителите своите сливи масовно ги истураа по патиштата. И тогаш како и сега сливарите од државата бараа да и помогне при откупот.

Александра Ристеска