Проектот „Артемис“ се уште е во фаза која треба да заврши со пробно лансирање

Ја започнуваме оваа недела како патници низ времето до 1962 година, далеку пред вселенските станици и вселенскиот туризам да постојат. Токму тогаш, на Универзитетот Рајс во Хјустон, претседателот Џон Кенеди го изнесе својот говор пред Американците да ја поддржат целта на НАСА да стигне до Месечината.

„Избираме да одиме на Месечината оваа деценија и да направиме некои други работи не затоа што се лесни, туку затоа што се тешки. Затоа што таа цел ќе послужи за организирање и мерење на најдоброто од нашите енергии и вештини. Затоа што тој предизвик е оној што ние сме подготвени да го прифатиме, оној што не сакаме да го одложиме и оној што имаме намера да го добиеме“, рече Кенеди.

Говорот на Кенеди ја започна амбициозната нова ера во НАСА и го охрабри Конгресот да го финансира истражувањето на вселената. НАСА ја прослави годишнината на Универзитетот Рајс, ветувајќи враќање на Месечината.

„Кога ќе се даде конечниот чекор, Артемис ќе блика од живот и ќе се издигне до Месечината, а секое набљудување што го правиме и секоја лекција што ја учиме на ова прво патување, нè подготвува нас и патот за луѓето да се осмелат уште повеќе“, рече администраторот на НАСА, Бил Нелсон.

Нелсон зборува за проблематичната програма Артемис која допрва треба да заврши како пробно лансирање. Нелсон вели дека кога конечно ќе се случи тоа, Артемис на крајот ќе послужи како следно летало што ќе ги однесе луѓето на Месечината како место за подлабоко истражување на вселената до Марс и пошироко.

Бајден, пак, го најави проектот Месечината на ракот, со цел да се намали стапката на смртност од рак на половина во рок од 25 години.

„Овој проект е една од причините зошто се кандидирав за претседател… Да се победи ракот е нешто што можеме да го направиме заедно, и затоа сум овде денес“, рече претседателот на САД, Џо Бајден.

Од лансирната рампа во Ван Хорн, Тексас, приватната компанија за вселенски летови Блу Ориџин влезе во историјата со своето прво таканаречено неуспешно лансирање. Ракетата, која носеше само експерименти, по само една минута по полетувањето се запали. Да имаше екипаж, тие веројатно ќе го ценеле успешниот систем за прекин на лансирањето што ја одвои капсулата од ракетата и и се врати со падобран назад на Земјата. Тоа беше 23-то лансирање на компанијата на нејзината програма Њу Шепард, именувана по првиот Американец во вселената, Алан Шепард.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

Advertisements

Поврзани вести