Продуцентот на „“Црвениот поет“ ја понудил серијата во МРТ, колку да ја понуди

Пруцентот на „Црвениот поет“ ја понудил серијата во Македонската радио телевизија, колку да ја понуди. Извори од јавниот сервис за Алфа отркиваат дека целата работа е сомнителна – „Сектор филм“ се однесувал како да сака да биде одбиен. Побарал огромна сума пари за емитување, аплицирал на крајот на годината кога буџетот е веќе при крај, а откако првично серијата не била прифатена, никогаш повторно не побарал соработка.

  • Со оглед на фактот што Понудата од страна на Сектор Филм не беше за бесплатно емитување туку сепак стануваше збор за сума која што не се совпаѓаше со преостанатиот буџет за 2018 година, Договорот за отстапување на ТВ права помеѓу МРТ и Сектор Филм не се реализираше во 2018- та година одговараат од Програмски совет на МРТ.

Со тоа што „Сектор филм“ ја понудил серијата на МРТ си го испочитувал договорот со Агенцијата за филм. Ги оправдал 23-те милиони денари иако серијата снимена пред шест години се уште не го виде светлото на денот. Никогаш повторно не аплицирал на повик за емитување.

  • МРТ секоја година распишува Јавен
    повик за набавка на програма од независни продуценти, но Сектор Филм на ниту еден од нив не го понуди проектот велат од Програмски совет на МРТ

Инаку главниот лик во „Црвениот поет“ е Коста Солев – Рацин кој е прикажан како партизан, а има и сцени од неговото заробување од бугарски војници и измачувањето во логорот Корница.

Впечатокот што го има јавноста и пред се филмската фела е дека серијата се држи во фиока поради договорот со Бугарија зашто содржината има потенцијал контраверезно да биде сфатена од властите од Софија, по примерот на филмот „Трето полувреме“, кој предизвика бурни реакции кај највисоките ешалони на бугарскиот државен врв, на кој очиглено им пречи кога македонците се потсетуваат на своето минатото.

Никола Цветковски

Advertisements