Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април: Насилство не било дел од идеите на протестите „За заедничка Македонија“

Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април: Насилство не било дел од идеите на протестите „За заедничка Македонија“

Насилство не било дел од идеите на протестите За заедничка Македонија, кажаа сведоците предложени од Богдан Илиевски на денешното рочиште од продолжението на судскиот процес за настаните од 27 април.

Отец Пимен, кој пред судот кажа дека е долгогодишен другар на Илиевски, и рече дека е негово духовно чедо, истакна оти бил убеден во своите ставови, без намера за некаква материјална корист или професионален напредок.

Отец Пимен говореше за чести заеднички средби по завршувањата на дневните протести, пред судот потврди дека за насилство никогаш не станало збор, упатувајќи и пофалба до организаторите што успеале да го држат народот смирен толку долго време.

Пимен се сретнал со Илиевски и ден по немилите настани, на 28 април, а неговиот став бил дека протестите ќе продолжат со цел да се докаже дека планот не бил упад во Собранието.

Отец Пимен говореше и околу ставот на Илиевски доколку Талат Џафери биде избран за претседател на Собранието, велејќи дека бил против и токму поради тоа е на улица, но дека евентуален негов избор немал план да се обиде да го спречи насилно, туку преку сите можни демократски извори во обид да се дојде до избори, каде би било обезбедено посилно мнозинство од одредена политичка опција.

Сведокот Томислав Јовановски кажа дека со Илиевски се познаваат осум години, дека протестите кој тој со мото клубот Ноќни Волци, чиј член е, ги предводеле два пати, потврди дека истите биле мирни и без никакви проблеми.

И сведокот Ивона Опетческа Татарчевска, кажа дека насилството не било дел од планот на движењето За заедничка Македонија, дека таму се протестирало против Тиранската платформа која станала услов за формирање на Влада во државата.

Задоволството од сведочењата изрази и адвокатот на Илиевски, кој кажа дека со овие сведочења се гледа која била идејата на овие протести.

Во врска со актуелните собраниски случувања во врска со помилувањето за собраниските настани, Дукоски кој е и адвокат на Митко Чавков побара да не се лицитира со имиња, туку прво да се прочита предлог законот.

Матеја Петровски