Продолжува процесот за промена на Уставот и на уставното име на Република Македонија

Македонско/граѓани на Република Северна Македонија, без прејудицирање на етничката припадност ќе биде државјанството на жителите на Северна Македонија, по изгасувањето на уставните измени во согласност со Преспанскиот договор, ова беше усвоениот амандман предложен од Комисијата за уставни прашања во кој се слеаја двата предлог амандмани на Мухамед Зекири од СДСМ и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна предлог амандманите предложени од БЕСА и АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ со кои пред државјанството не стои придавката Македонско беа одбиени.
На комисијата беше донесена и одлука Косово да биде додадено како соседна држава вметнато во Уставот, односно во Амандманот 35.
Пратениците со 10 гласа ЗА го усвоија и предлог амандманот на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои бараат со овој предлог амандман да се даде сигурност дека доколку Грција не го ратификува договорот од Нивици, сите уставни измени изгласани во македонското собрание да бидат поништени.
По завршувањето на дебатата во Уставната комисија, предлог амандманите треба да бидат разгледани и изгласани на пленарна седница.
Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека се очекува таа да биде закажана по божикните празници, најрано на 9 јануари.
Се очекува целиот процес на уставни измени да биде завршен во средината на јануари. Уставните амандмани во третата фаза се носат со двотретинско мнозинство.

Мери Ѓорѓиевска