НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжуваат партиските препукувања за уставните измени

 ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба да учествува во работни групи за уставни измени, СДСМ не кажува кои од двата предлога на опозицијата за нивно учество во отворање на Уставот ќе прифати. Нова пинг понг партија во собранието меѓу партијата на Мицкоски и партијата на Ковачевски.

Пратеничката Благица Ласковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги повтори условите на партијата за како тие би учествувале во уставните промени, но напомена без исполнување на истите, бесцелни се повиците на СДСМ за работни групи.

Со овој прес праќаме порака до СДСМ дека мора да одговорат на овие два предлози, доколку не одговорат на овие два предлози, не ја гледам суштината и причината зошто би работна група и што би преговарале на тие средби, вели Благица Ласковска – претеник од ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ уставните промени биле топ приероитет, не кажуваат дали и кој од условите на ВМРО-ДПМНЕ ќе прифатат, но упорно повикуваат на формирање работни групи во Собранието.

Го охрабруваме Мицкоски да остане на променетите ставови и да формира тимови што побрзо. Доколку постои искрена волја нема потреба да се чека ниту да се тактизира. Ајде заедно да продолжиме да работиме на уставните измени, за остварување државните и националните интереси, вели Миле Талевски – пратеник од СДСМ.

Препирањата во Собрание се резултат на лидерската средба меѓу Ковачевски и Мицкоски. Ковачевски му понуди на Мицкоски заедничка влада со 5 минстерски места на ВМРО-ДПМНЕ и уставни измени веднаш. Мицкоски пак рече дека ќе учествува во процесот на Македонија кон ЕУ со вметнување на Бугарите во Уставот, но  само доколку добие гранции за македонскиот идентитет и јазик, обврска и за Бугарија – да ги почитува пресудите на Евопскиот суд за човекови права, пакет економска поддршка за граѓаните и стопанството, како и одложена примена на уставните измени се до отпочнување на ратификацијата на членството на Македонија во ЕУ со што нема да има нови условувања во процесот на преговори.

Мери Симоновска