Продолжуваат вонредните еко патроли, во општина Гази Баба

Дежурните инспекциски служби на општина Гази Баба вчера продолжија со вонредните еколошки патроли.

– Синоќа беше утврдено намерно палење на стрниште во Инџиково кое значително го загадуваше амбиенталниот воздух на овој дел од општината, објави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Стефковски информира дека бил утврден сопственикот на земјиштето и истиот е повикан на разговор во Секторот за инспекциски работи на општина Гази Баба.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста