Продолжи судењето на адвокатот Менкиноски за поставувањето на сонцето од Кутлеш, од МВР не се појавија

Со развиорени знамиња, во еден глас  пеејќи ја македонската химна пред охридскиот Основен суд под слоганот “Денес над Македонија се раѓа ново сонце “,се одржа собир за поддршка на адвокатот Тони Mенкиноски кој за христијанскиот празник Водици, на бедемот на Самоиловата тврдина го постави 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш. Полицијата против Менкиноски поведе прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир.

-“Да живее Македонија и живее, никогаш нема да умре да знаат сите што се во Македонија, ние во светот сме Македонци, а овде не бришат во Македонија, не може така. Ова денеска многу ме бендисува, затоа што гледам дека Македонија од ново се раѓа, македонскиот народ се крена, се осознај и нема веќе страв. Ние бранејќи го Тони Менкиноски се браниме себе си, ова знаме е на сите македонци, ова знаме значи љубов, гордост, постоење, опстанок, иднина”

Во барањето за поведување прекршочна постапка стои дека на западниот ѕид од Самоиловата тврдина сум го поставил знамето со сонцето од Вергина, сметам дека ова е провокација,во македонска држава да се користи грчки топоним. Јас го поставив знамето со 16 кракото сонце од Кутлеш, истакна адвокатот Менкиноски во својот исказ пред судот. И покрај што беа уредно поканети, во судницата не се појавија претставници на МВР.

 Очигледно дека МВР бега од средба и пулените на Оливер Спасоски не дојдоа денеска да ни објаснат како тоа ние сме го нарушиле јавниот ред и мир. Јас не се чувствувам воопшто виновен, да горд сум со тоа што го истакнав македонското знаме,но не се чувствувам виновен дека сум го нарушил јавниот ред и мир.Не постои ниту еден закон, меѓународен договор, билатерален, или мултилатерален кој може да ме спречи мене како македонец да не го развеам македонското знаме рече Менкоски

Доколку и на 26 септември за кога е закажано продолжението на судскиот процес, не се појават 4-цата претставници на МВР кои јас ќе барам судот да донесе ослободителна пресуда која ќе значи слобода за нас Македонците. Ова не е битка за мене ова е битка за Македонците исто така што ја водевме во Стразбур за Македонците од Пиринска Македонија и сега вие во една слободна држава да не смееме да го развееме македонското знаме,поголем апсурд од ова нема – рече Менкиноски.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста