НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжи судењето за случајот со родилката Веапоска

Оштетување на левата бубрежна артерија за време за царскиот рез, предизвикало влошување на здравствената состојба на родилката Јилдиз Веапоска до степен да биде загрозен нејзиниот живот-стои во вештиот наод кој го изготвиле професорите од  Институтот за судска медицина. На денешното рочиште тие истакнаа дека е непозната причината која довела до ваквото оштетување.

-“Не се осврнуваме на оштетувањето на артеријата како постапка која има елементи на несовесност, туку на периодот од 4 дена кога не е утврден изворот на крварењето.Ние наведуваме во вештачењето дека постои поврзаност во начинот на лекување и пропустот да се утврди причината за крварењето. Пациентката била постојано под терапија,но не се направиле обиди за утврдување од каде е крварењето”-истакнаа професорите.

Во вештачењето е наведенo дека е одговорен докторот што го водел пациентот,но и целиот медицински персонал кој требал да се грижи за пациентката.Ние немаме податоци дека е извршен гинеколошки преглед по породувањето потенцираа вештите лица, професори од Институтот за судска медицина.

Да потсетам до обвинителството, до адвокатите и до сите дека кај мене не е само бубрегот изваден, туку и матката .За матката воопшто не се зборуваше, зошто тоа е извадено и зошто јас веќе не можам да станам мајка и не можам веќе да има други деца? Се зборуваше само за бубрегот и само за артеријата но како е оштетена матката, јајникот како е оштетен и зошто се тргнати тие органи?-вели родилката Јилдз Веапоска.

Прилично долг е списокот на лекари чии имиња беа прочитани на денешното ричиште,а учествувале во лекувањето на Веапоска тие 4 дена од 27-ми до 30-ти август додека таа била во струшката општа болница.

Во вештачењето стои дека учесниците во оперативниот зафат кај мојата клиентка и вадењето на сите тие органи, товарот на несовесното лекување паќа на сите учесници.Ако се ставите себе си во позицијата во која е мојата клиентка да влезете сосема здрав и прав и да излезете без три органи кој треба да одговара? Апсолутно сите треба да одговораат-вели адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев.

Судењето продолжува на 10 јули со сведочење на уште еден лекар од Клиниката за гинекологија.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски