Продолжение на судењето за „Титаник 2“ на СЈО

Во Кривичниот суд продолжува судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на вешт наод, изработен од економскиот вештак Величе Николовска од „Синопсис Скопје“, избран по случаен избор во договор со обвинителството и одбраната.

Судијата Огнен Ставрев, на претходното рочиште, информира дека со изведување на вештиот наод се исцрпува листата на докази и закажа уште две рочишта за 8 и 15 февруари, кога ќе бидат изведени завршни зборови на СЈО и одбрната.