„Продиџи“ потврдија: Кит Флинт се самоубил

Продиџи преку објава на социјалните медиуми потврдија дека Кит Флинт се самоубил, откако утрово 49-годишниот пејач беше пронајден мртов во својот дом во Англија.

Фронтменот на Продиџи од Есекс беше пронајден од полицијата во понеделник, откако претходно тим на брзата помош забележал „човек без свест во својот дом“.

Основачот на Продиџи Лиам Хоулет на инстаграм соопшти дека Флинт „си го одзел животот“.

„Вестите се вистинити. Не можам да поверувам дека го пишувам ова, но нашиот брат Кит си го одзел животот за време на викендот. Шокиран сум, лут сум, збунет и скршено ми е срцето. Почивај во мир братко“, пишува Хоулет.