Проблем до проблем во образованието, надлежните без решение

Македонските ученици не знаат колку е висок Монт Еверест, но знаат како да се евакуираат при дојава за бомба. Не знаат што е фотосинтеза, но знаат како се пренесува Ковид – 19.

Изминативе месеци па и години образовниот систем никако да влезе на прав колеск.

Настава со физичко присуство па онлајн, има – ама нема учебници, дојава за бомба трчајте дома пред комјутер – ова станува секојдневие зашто државата никако да најде решение на проблемите кои само таложат.

Од Независниот синдикат за образование предупредуваат дека нефункционалноста на институциите трајно ќе се одрази врз знаењето и воспитувањето на учениците.

  • Фактори во кои може да влијае државата е да обезбеди учебници кои што ги нема во моментов, тука дефинитивно затаил системот, не ги обезбедил основните потреби кои што треба  и тука гледаме дека има директно влијание врз уназадување на воспитно-образовниот процес државните интитуции односно МОН. Во другата ситуација, во оваа виртуелна војна ајде ќе го наречам виша сила..“вели за Алфа, Томислав Гиевски, Претседател на Независен синдикат за образование и наука.

Со учениците не смее да се експериментира, предупревуаат познавачите. Велат дека е доволно само да се следат примерите од соседството.

  • Ова е сериозна потешкотија и малку е несериозен пристапот. Можеме да видиме кај соседните земји, целосен пристап или кон онлајн настава или настава со физичко присуство. Комбинираниот модел нема да вроди со плод ниту може да биде успешен затоа што самиот процес на пренесочување од една на друга настава… Ова е претстава само за јавност“ вели Гиевски.

„Трчајќи или летајќи да стигнат до дома наставниците и учениците за еден час за да бидат онлајн? Срамота , со месеци да не можат да се решат бомбите“ – граѓаните бурно реагираа на ваквата одлука која во низа го стрелаше образовниот процес. Нередовниот превоз во главниот град не помалку е проблем за учениците. Целосна капитулација на Министерството за образование оценија и од Сојузот на средношколци.

  • Разликата во оваа ситуација и онаа во пандемијата беше што во пандемијата никој не можеше да контролира , односно имаше реална закана. Сега на некој начин ова е своевидна капитулација на Министерството бидејќи наместо да се осигураме дека училиштата ни се безбедни , место да се најдат одговорните, ние велиме ништо не можеме да направиме ако има дојава за бомба ние мора да седиме дома и да учиме онлајн“ – вели Лука Павиќевиќ од Сојузот на средношколци.

Дека квалитетот на обрзовниот процес опаѓа потврдуваат и меѓународните студии. Истражувањето ТИМСС кое ги мери знаењата и способностите на учениците во четврто и во осмо одделение, покажа дека во математичка писменост, од 58 држави, Македонија е на 45-то место, а во природни науки на 51-то.

И резултатите од меѓународната студија ПИСА ја сместуваат Македонија на дното. Нашите ученици се на 63 место по природни науки, а на 67 во читање со разбирање и во математика од вкупно 77 рангирани држави.

Викторија Миткова

Advertisements