Проблеми со слетувањата на аеродромот во Солун

Поради ниска облачност утрово имаше проблеми со летовите на аеродромот „Македониа“ во Солун.

Авионите кои требаше да слетаат на солунскиот аеродром беа пренасочени, два лета беа откажани, додека пак полетувањата се одвиваат без проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.

Четири летови беа пренасочени кон Кавала и еден кон Атина, додека пак летовите од Доха и Баден Баден до Солун беа откажани.