Проблеми со водоинсталацијата во Штип, градоначалникот Јорданов вети целосна промена на инсталациите

Речиси дваесетина денови, дел од  централното градско подрачје во Штип има проблеми со водоснабдувањето. Граѓаните остро реагираат и бараат од надлежните да ги поправат дефектите и да им обезбедат редовно да имаат вода.

 „Во 21век без вода, страшно е! Час има, час нема. Ако има, притисокот е катастрофа . Се ни се испорасипа, машини за садови, алишта. Снаа ми и денес се јавуваше во ЈП „Исар„ да праша и пак ништо„-велат граѓани кои живеат во тој дел од градот.

Честите дефекти на водоводната мрежа го извадија на  виделина проблемот, кои долги години се провлекува, вели првиот човек на градот. Дополнително, дефектите зачестија, откако Штип се приклучи на ХС Злетовица, вели Јорданов, кој од граѓаните побара да бидат трпеливи, бидејќи екипите на Исар постојано се на терен.

  „Жителите од ул.Борко Талев  речиси две недели се соочуваат со чести дефектии, како резултат на зголемениот притисок на вода што доаѓа од ХС Злетовица. Со покачувањето на притисокот старите дотраени водоводни линии почнуваат да пукат и да прават дефекти. Затоа замолувам за трпение, затоа што со години наназад никој не  инвестирал под земја, затоа што станува збор за скапа инвестиција и не се гледа„- изјави Јорданов

Јорданов најави   дека локалната власт повторно размислува   за распишување на  референдум за искористување на парите од самопридонесот. Планираат со пренамена на средствата од над еден милион евра, собрани од граѓаните  да започнат санацијата на старата и дотраена водоводна мрежа. 

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести