Притвор за 11 лица за криумчарење мигранти

Дали началникот на штипската полиција е еден од осомничените во групата која криумчарела мигранти?Се шпекулира дека бил информатор и негова задача било да ја информира групата за полициски патроли на патиштата. Неофицијално му е изречена мерка на претпазливост,но официјални информации засега нема.Алфа се обиде да стапи во контакт со началникот,но телефонот му беше исклучен.

Единасетмина од вкупно 21осомничено лице скопскиот Основен суд им одреди мерка притвор, а на останатите , судија на претходна постапка им одредил мерка на претпазливост, откако вчера при претрес на дваесет објекти во Скопје,Штип и Струмица беа пронајдени и привремено одземени 12патнички возила, мобилни телефони,сим картички,оружје и пари.

Групата била поврзана со криминална група од Грција, а мигрантите се преземале во близина на Дојран и ГЕвгелија. Крајна дестинација им биле државите од Европската Унија. Групата била формирана во мај минатата година.Прво дејствувале само петмина, но потоа им се приклучиле уште 15лица. Сите членови имале задачи. Дел од нив билетранспортери, информатори,чистачи кои преку вибер и ГПС координати информирале за евентуални патроли на рутата по која се движеле. За возврат мигрантите плакале од 150 до 300евра по лице, а криминалната група ги пренесувала до куманско-липковскиот регион, па оттамму кон Србија и држави на Европската Унија.