Притворен командир на шумска полиција за земање поткуп

Битолската полиција приведе командир на шумската полиција поради постоење сомневае дека примал поткуп.

СВР-Битола до надлежното обвинителство поднесе поднесе кривична пријава  против лицето Л.Ј. (46) постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

-Пријавениот во својство на службено лице – вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како командир на шумска полиција – Битола  во периодот од 8 октомври со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати побарал поткуп од лице од Демир Хисар, против кое од  страна на пријавениот во својство на службено лице командир на шумска полиција – Битола е поднесена прекршочна пријава по чл.69 од Закон за шуми, изјави денеска портпатолот на МВР Тони Ангеловски.

Л.Ј. прво побарал поткуп  од осумнаесет метри кубни  дрва или 40.000 денари пари за подоцна истиот да продолжи да бара поткуп од 30.000 денари пари, притоа ветувајќи му дека ќе ја отфрли пријавата на судењето закажано за 26 октомври.

-Пријавителот за таа цел, според барањата на Л.Ј., требало да му исплати 20.000 денари пред судењето и 10.000 денари по судењето, откако ќе биде отфрлена пријавата, рече Ангеловски.

На 19 овој месец лицето од кое се барал поткупот  го пријавило настанот во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола,  за што веднаш е известено ОЈО Битола и преземени се соодветни мерки и активности.

-На 26 октомври околу 13:50 часот  во просториите на Основен суд Битола, Л.Ј. е лишен од слобода веднаш откако примил поткуп од пријавителот. Извршен е личен претрес и кај него се пронајдени 10 банкноти во апоени од 2000 денари, кои претходно од страна на ПС од СВР Битола беа фотографирани и документирани. Од страна на судија на претходна постапка  од Основен суд Битола на Л.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Борбата со корупцијата е приоритет број еден за МВР. Законите важат еднакво за сите. МВР продолжува да работи во служба на граѓаните, потенцира Ангеловски.