Примаков: Русија ќе ги брани интересите на Србите на Косово

Ставот на Русија кон кризата на Косово и Метохија е дека ќе го поддржи секое барање од Белград кон Москва, а нам ни е важно да се почитуваат правата на Србите во Јужната покраина. Русија е гарант дека Србија нема да изгуби во тој процес“ – ова го изјави Евгениј Примаков, пратеник во руската Дума во интервју за Вечерни новости.

Ќе ја поддржиме секоја одлука на српскиот државен врв околу судбината на КосМет, ако се донесе со политички консензус и ако не предизвика граѓанска војна. За Русија најважна е имотната и лична безбедност на Србите на Косово и Метохија“, вели тој.

Примаков е внук на познатиот шеф на руската дипломатија и разузнавачки служби Евгениј Максимович Примаков, еден од најзаслужните Руси за договорот од Куманово и Резолуцијата 1244.

Стариот Примаков во 2009 година зборуваше за раграничување помеѓу Белград и Приштина, односно на Србите да им останат северот од Косово и енклавите во кои живеат, а неговиот внук потенцира дека таа позната идеја се разгледува и ден денес.

Околу европската иднина на Србија и немањето алтернатива за ЕУ, Примаков вели дека Србија треба да си го почитува сопствениот интерес и ако донесе одлука за влез во ЕУ, тоа мора да го стори под свои услови.

„Гледате што се случува со земјоделството во Бугарија кое е потполно уништено по влезот во ЕУ. Не смеете да дозволите таков однос“, додава Примаков.