Прилеп синоќа – најзагаден град на планетава?!

Прилепчани во паника, откако пред дваесет дена поставената Мерна станица, синоќа околу 22.45 часот покажа енормна загаденост на воздухот, пришто количината на ПМ10 честичките изнесуваше фрапантни 1611 микрограми по метар кубен, а индексот на квалитетот на воздухот (AQI) беше над 562. Иако Мерната станица, се уште е во фаза на калибрирање, сепак, овие показатели беа доволен аларм за да зовријаат социјалните мрежи каде граѓаните бараа итни одговори што тоа се случува со воздухот во градот, притоа жалајќи се дека досега таков тежок воздух никогаш не бил забележан во Прилеп.

По сето ова, попладнево, со прес-конференција се огласија од ЛС, пришто градоначалникот Илија Јованоски најави пилот-проект за набавка и поставување на повеќе мерни станици во различни делови од градот, со цел доаѓање до поверодостојни показатели за аерозагаденоста и следствено на тоа перспективно да се преземале адекватни мерки за нејзино намалување.

Градоначалникот Јованоски како потенцијални загадувачи ги спомна мермерните комбинати во околината на Прилеп, каде, како еден од првите, наредни чекори на локалната власт ќе бил поставување на мерни инструменти, а додека со престојната гасификација, според него, се очекувало проблемот да биде ако не решен, тогаш барем ублажен. Меѓутоа, според експертите пак, најавуваната гасификација тешко дека ќе можела да го реши проблемот со аерозагадувањето, пред се заради нискиот македонски стандард.

претставувало сложен процес кој бара исполнување на многу предуслови, како од социо-економска, така и од психолошка природа.

Каролина Дурло