Прилеп подготвен за престојниот Фестивал на пивото и скарата „Beer Weekend“

Со месец и половина пролонгирање од дваесет години редовниот датум на одржување, овој викенд Прилеп ќе биде домаќин на познатиот Фестивал на пивото и скарата, популарниот „Пивофест“. На добро-познатата локација во центарот од градот, денеска веќе се поставуваат штандовите, како и бината на која во трите фестивалски вечери ќе настапат петнаесетина познати музички имиња, домашни и гости.

Започнуваме утревечер со навистина супер музичка програма.Локацијата е добро позната. Ќе биде на старото добро место, околу 3.000метри квадратни од Плоштадот Александрија каде што ќе бидат поставени околу 10-тина штандови накои што ќе има и различни видови пиво и скара“, – кажа Влатко Петкски, портпарол на општина Прилеп.

Годинава, за прв пат, организатор на Фестивалот е „Евент груп“ од Скопје, според кого, заради краткиот временски период за организацијата, но и заради дведецениската успешна традиција на Фестивалот, овој настан бил голем предизвик, но и тест за наредната година да останат како организатори.

За општина Прилеп пак, која настанот го поддржува со еден милион денари од Програмата за култура, престојниот Фестивал ќе биде дополнителна и многу важна финансиска инјекција за целата Oпштина.  Ветуваат успешно фестивалско издание, согласно очекувањата и на посетителите, но и на учесниците: музичарите, пиварниците, угостителите, како и воопшто на Чаршијата, како во поглед на безбедноста, така и на хогиената, паркирањето и сместувањето.

Институциите кои се директно вклучени во вакви видови на маинфестации, сите се координирани. Имавме и заеднички состанок, така што буквално се е подготвено за започнување на оваа манифестација“, – истакна Петкоски.    

Утревечер, Фестивалот ќе го отворат музучките ѕвезди Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски и гостите од Србија: „Тропико бенд“ и Тијана М.

Каролина Дурло

Advertisements