Прилепски „Комуналец“ ќе треба да исплати околу 100.000 евра за набавка на „метларки“, а кои претпријатието ги нема?!

Со извршно решение од 5-ти август, прилепски „Комуналец“ се задолжува да исплати околу 6 милиони денари за неприфатени фактури и непримена стока од оперативно-технничкиот оддел за две половни возила за метење и чистење на улици, а за кои возила уште во 2019-та година, било констаирано дека се неисправни и нефункционални. „Склучениот Договор за Јавна набавка од 15.08.2018 година, помеѓу добавувачот и „Комуналец“ не бил раскинат согласно одредбите од Договорот, а по основ на Записник за констатирана неисправност од 24.07.2019 година, тврди актуелниот директор, Рубин Абрашоски, со што сега, покрај другите наследени долгови од тоа време, на претпријатието му бил ставен уште еден „камен“ околу вратот.

Да кажеме дека Јавното претпријатие нема требовање, нема приемница, не прифатило фактури, ниту ги прифатило неисправните метларки предмет на јавната набавка, а добива Налог за извршување“, – вели Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“, Прилеп.

   Според Абрашоски, симптоматично е зошто претходните раководни лица на  „Комуналец“ не го заштитиле имотот на претпријатието веднаш по констатираната несиправност, не презеле правни дејствија и не го раскинале Договорот за јавна набавка, па во моментов на претпријатието му се товарат дополнителни 100 илјади евра, за главен долг, камата и процесни трошоци.

„Апсурдот да биде уште поголем фактурите кои се со датум од 30.11.2018 година, не се примени со архивски број од „Комуналец’“, а платниот налог е од 01.11.2021 година, односно три дена пред да истече рокот од 3 години, согласно Законот за облигациони односи, или, веднаш по завршувањето на Локалните избори. Што го побрзало толку добавувачот по губењето на власта на локално ниво, па во краток рок да извршуваат неколку парвни дејствија, со што го доведуваат во финасиски колапс јавното претпријатие, покрај сите други натоварени други обврски“, – прашува Абрашоски.

  Од страна на вработен во „Комуналец“, направен бил и одговор на Платниот налог, кој случајно, или намерно, бил поднесен без адвокатски печат и потпис, па Судот го отфрлил како неуреден. Против вработениот се преземени сите правни дејства за одговорност, вели Абрашоски. Инаку, ЈКП „Комуналец“, по ланските локални избори беше наследено со финансиска дупка од околу 820.000 евра.  

Каролина Дурло