Приведени 20 странци кои нелегално работеле на градежни објекти

МВР утрово во Скопје приведе 20 странски државјани што го злоупотребиле туристичкиот престој и незаконски извршувале работи на градежни објекти.

Во централното градско подрачје на градежен објект лоциран меѓу ул. „Ј.Мијалков“ и ул. „М.Х.Јасмин“, каде изведувачи на градежни работи биле неколку правни лица биле откриени: 11 државјани на Косово, по четворица државјани на Албанија и на Турција, како и еден државјанин на Иран, кои нелегално работеле на објектите, информираа од МВР.

Во консултација со Јавен обвинител, дополнително се преземаат активности за утврдување на одговорност на правните субјекти.