Приведени Бојан Јовановски и Кичеец, ОЈО бара притвор за две лица осомничени за рекет

Јавното обвинителство во предистражна постапка, како што тврдат оттаму, обезбедило докази дека две лица барале рекет од 8 милиони евра, од кои биле 1 милион и 500 илјади се исплатени. Парите најверојато се наменети за двајцата осомничени, Бојан Јовановски и Зоран Милески да влијаат на јавен обвинител за осомничен да биде ослободен од кривичен прогон, или пак, да му се помогне на друг начин.

-Истражната постапка се води зашто од ноември 2018 година до април 2019 година првоосмоничениот искористувјаќи го своето влијание врз јавен обвинител, влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второсомничениот битно придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставување меѓусебен контакт на првоосомничениот со сопругата на осомничениот во таа постапка лично со осомничениот, изјави обвинителката Вилма Рускоска.

Обвинителството постапува по поднесена кривична пријава, а не по допрен глас, појаснуваат оттаму, и додаваат оти се уште не е завршена финансиската истрага.

– Во оваа постапка нема опфатено правно лице, нема комплетна финансиска истрага, за првоосомничениот нема најдено имот на негово име, за второосомничениот, се уште во тек е финансиска истрага, изјави Рускоска.

Засега од обвинителството не кажуваат дали ќе се покрене постапка и против јавниот обвинител и дали тој бил вмешан во целиот случај и го прекршил законот. Од таму покавикаа и други лица кои биле рекетирани да пријават во јавното обвинителство.