Приватниците продолжуваат со блокадите, велат Скопје не е бавча на Арсовска за да ја работи како сака

Приватните автобуси и Скопје не се бавча на градоначалничката Данела Арсовска за таа да ја работи како сака, туку мора да покаже сериозност и конечно со решение да излезе пед јавноста. Првиот човек на „Слобода Превоз“, Ленин Јовановски кој ги застапува приватниците, рече дека ако не бидат повикани на разговор во Градот, превозниците ќе преноќат на улица.

  • Приватните превозници со неодговорниот однос на градоначалничката кон нив ја губат својата работа, не е исплатен долгот кон нив и со тоа неодговорно однесување систематски се нарушува и јавниот интерес. Не се работи само за долгот, не се работи само за некое приватно побарување кое може да се решава со тужби, тоа е предизвикано од едно неодговорно и можам да кажам уличарско однесување… Ние не смееме да дозволиме едно такво однесување, бидејќи не станува збор за приватна бавча на градоначалничката која ќе може да си ја работи онака како што сака. Таа е должна да се грижи за јавниот интерес за граѓаните и да постапува по закон и по одлуките донесени од Град Скопје“, рече директорот на „Слобода превоз“.

Јовановски потврди дека блокадата им е единствен начин јавноста да го чуе нивниот проблем и да ги демантираат лагите кои ги кажува Арсовска.

  • „Моравме на ваков начин да го изразиме револтот. Поради суета, незнаење, неодговорно и уличарско однесување на Арсовска, 300 луѓе изгубија работа. Не се работи за приватна бавча на градоначалничката па да ја работи како сака. Таа е должна да се грижи за јавниот интерес и да се однесува согласно законот“, рече Јовановски.

Превозниците ги замолија граѓаните да им се лутат, зашто од Арсовска, која ја нарекоа деспот, загрозени им биле се човековите права.  Блокадите ќе се прошират и на други крстосници, ако остане игноратскиот однос од Град Скопје.

За новиот оглас за вклучување приватни превозници во јавниот транспорт, кој го најавува градоначалничката, велат, не може да се спроведе и дека неговото распишување ќе биде спротивно на законот.

Инаку, автобусите кои се 200 на број, утрово од шест часот ги паркираа возилата на сред улица кај ТЦ „Мавровка“, пред Црвениот крст, и на Илинденска кај Градски парк. Заклучно со месец октомври, долгот надмина 1,5 милиони евра.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести