Приватната болница Неуромедика одбележа три децении постоење

3 милиони пациенти за три децении постоење. Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој 30 години работи во правец на современа и напредна здравствена заштита на пациентите. Сопственикот д-р Емил Угриновски на одбележувањето на јубилејот изјави дека Неуромедика успеала да се приближи до пациентите, со професионалниот медицински кадар и најновата технологија.

„Она што посебно не прави нас горди е дека останваме чисто македонски бренд, со чисто македонски капитал, што во овој момент ни значи многу и не прави среќни, за што и тоа како се гордееме. Вечерашнава манифестација одбележување на тие 30 години од почетоците, на првите чекори од 1992 година до денешен ден.“ – Изјави Д-р Емил Угриновски, сопственик и генералчен менаџер на Неуромедика.

Угриновски најави нови инвестиции во медицинска опрема, врвни доктори и отворање на уште една нова болница. Првиот приватен здравствен бренд во Македонија Неуромедика, започнал како семеен бизнис на семејството Угриновски во 1992та година. Вчера го прославија јубилејот 30 години постоење со гламурозен настан на кој имаше повеќе од 2000 гости.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста