Претставниците на најголемите ланци на супермаркети се сретнаа со Бектеши, и си заминаа без да дадат изјава

Од среда прехранбените производи ќе се намалат за 10 проценти, одлуката е донесена, во вторник ќе биде на владина седница. Мерката мора да се почитува, во спротивно ќе има казни најави Бектеши. Ова им го кажал и на газдите на најголемите маркети во државата кои денеска дојдоа на средба во министерството за економија. Пред камерите не сакааа да застанат, влегоа во скапите автомобили и си заминаа.

Супермаркетите се согласиja за намалување на цените. Со тешко срце откако и тие се пожалија дека им било тешко да функционираат во досегашните услови на пазарот. Сепак, ниту еден од нив, по средбата со министерот за економија не застана и конкретно да ги образложи пробелмите и опредизвидите пред медиумите. Едноставно заминаа, како и што дојдоа. Со скапи и луксузни џипови, кои граѓаните можат само да ги сонуваат.

Деталите за средбата ги образложи министерот за економија, кој уверува дека договореното ќе се почитува. Според, Крешник Бектеши, на состанокот било аклучено дека имало простор за намалување на цените на производите.

Одлуката за намалување на цените ќе се донесе на владината седница во вторник, а од среда веќе пазарните инспектори ќе бидат на терен.

  • Најголемите 8 трговски синџири во земјава прифатија да се намалат цените на прехранбените производи со што може да се донесе одлуката на Миистерството за економија за новите мерки во однос на цените, рече Бектеши на денешната прес-конференција по средбата со претставници на трговските синџири и претставници на коморите.

Од инспекцијата рекоа дека потрошувачите нема да се чувствуваат измамени, и дека ќе направеле измени и дополнување на Законот за државен и пазарен инспекторат, по што ќе се зголемеле ингеренциите на инспекторите на ДПИ, каде што ќе можат да постапат веднаш.

  • Државниот пазарен испекторат работи според 80 закони во кои покрај другото има и глоби за одземање на стоки и роби, но на влада ќе биде одлучено по кои закони ќе бидат затворани трговски објекит кои нема да ги почитуваат. ние како инспекторат нема да бидеме селективни во одлучувањето околу казните, но како што видов трговците се подготвени да ја применат владината одлука, рече директорот на пазарниот инспекторат Горан Трајковски.

Околу 50 прехранбени производи од средината на следната недела треба да поевтинат за најмалку 10%. Намалените цени ќе ги контролира Државниот пазарен инспекторат со зголемен капацитет.

Во меѓу време, компаниите ќе можат да организираат акција со намалени цени само за производи кои ќе бидат пред рокот на истекување со посебна назнака. Останатите производи нема да можат да бидат продавани по акциски цени. Компаниите кои нема да се придржуваат на владината одлукат ќе бидат казнувани, па дури и затворани.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста