Претседателот на Мексико си ја намали платата за една третина

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопес Обрадор си ја намали првата плата за една третина, како дел од владините строги мерки за штедење.

Обрадор требаше да земе плата од 76.160 пезоси (околу 3.800 американски долари) за првите две недели од претседателската функција, но вратил 22.313 пезоси (1.100 долари).

Тој истакна дека платата ќе му биде 53.847 пезоси (2.680 долари) и намалувањето на платата да биде пример за сите владини претставници.

Обрадор претходно го продаде претседателскиот авион во согласност со мерките за штедење.

Тој стапи на претседателската должност на 1 декември, а за време на кампањата вети намалување на владините расходи и оти ќе им помага на сиромашните.