Претседателот на Мексико: Нема повлекување пред крадците на гориво

Претседателот на Мексико, Андреас Мануел Лопес Обрадор, денеска ќе продолжи со борбата против бандата, која се занимава со кражба на гас во Мексико и го обвини крадците дека се одговорни за актуелниот недостиг на гориво во земјата и големите редици на бензинските станици.

Тој претходно оцени дека илегалните славини издупчени во државните нафтоводи и кражбите од рафинериите и дистрибутивните складишта, го чинат досега Мексико три милијарди долари дневно.

Претседателот посебно побара поддршка од луѓето, кои живеат во заедници кои заработуваат од кражба на гориво и кои учествуваат во тие нелегални дејства како стражари или ги штитат крадците од полициски и воени рации, напоменувајќи дека Владата може да им обезбеди ист приход добиен за ова соучество преку легални државни програми за вработување.

Претседателот Обрадор, кој ја започна својата борба со крадци на гориво откако стапи на должност на 1 декември минатата година, не наведе директно кој стои зад саботажата на нафтоводите, кои го снабдуваат главниот град, но истакна дека тие по поправката што тој вчера ја потврди, повторно се блокирани.

Тој рече дека бандите станале толку софистицирани што воделе сопствени „танк-фарм“ во северно Мексико за складирање на украденото гориво.

Лопес Обрадор почна да ги затвора цевководите, кои „пропуштаат“ низ илјадници нелегални славини. Сепак, тој призна дека е потешко да се откријат оние нелегални „приклучоци” кога цевките се затворени.

Властите почнаа да дистрибуираат гориво со цистерни, но засега ги нема доволно за нормално снабдување.