Претседателот на Косово Хашим Тачи утре во работна посета на Македонија

Утре во работна посета на Македонија ќе престојува претседателот на Косово, Хашим Тачи и ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

Владината прес-служба вечерва соопшти дека средбата во Владата ќе биде утре претпладне. Заев и Тачи ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји и изјави за медиумите.