Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Јоханес Хан, Еврокомесар за проширување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Јоханес Хан, Еврокомесар за проширување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на маргините на Конгресот на Европската Народна Партија оствари средба со еврокомесарот задолжен за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

На средбата Мицкоски нагласи дека стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е членство на Република Македонија во Европската унија и дека во таа насока Партијата ќе продолжи да дава значителен придонес.

Мицкоски го информираше Хан за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамки на Конгресот на ЕНП, Мицкоски оствари средба и со Андреј Пленковиќ, Премиер на Република Хрватска, на која што двајцата соговорници разговараа за продлабочување на досегашната соработка и користење на хрватските искуства во процесот кон приближување на Европската Унија.