Претседателот и премиерот без координација за историските прашања во францускиот предлог

Македонскиот претседател Стево Пендаровски призна дека со францускиот предлог кој е веќе доставен до Собранието, ќе се менува историјата во учебниците по желба на Бугарите. Тој во телевизиско гостување рече дека тоа ќе се случи ако се согласат двете влади, но според него, целосната одговорност ќе паднела на авторот на учебникот по историја.

  • Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете влади. Двете влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство, до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаат на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија“, изјави Пендаровски.

Наспроти Пендаровски, кој рече дека ако нема договор за историјата ќе има ново бугарско вето, една недела пред тоа премиерот Димитар Ковачевски изјави дека историјата нема да е дел од преговарачката рамка со ЕУ.

  • Нашите забелешеки беа историските прашања да не бидат дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ кој е доставен и се разгледува во Министерството за надворешни работи. За сите други детали министерот ќе има консултации и ќе бидат презентирани на медиумите и на сите заинтересирани страни“, рече Ковачевски.

И додека премиерот и претседателот се без координација за историските прашања во францускиот предлог, јавноста реагира што уште еднаш е излажана, и дека за македонскиот јазик и историја не смее да се преговара.

На ваквите државнички изјави регираа безмалку 200 академици, професори, историчари, правници, писатели, уметници, економисти писмено се обратија до претседателот на државата за француски предлог за почнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

  • Ние, Македонците сега сме турнати во историски амбис за да бидеме избришани од картата на Европа и светот. Во ова политичко ‘злокобно време’, време на 21 век, не смеете да бидете актер во политичко ништење на македонскиот народ и држава. Гoсподине претседателе, Вие лично со премиерот Димитар Ковачевски, на вратот на македонскиот народ му ставивте француски огламник, ултимативна спогодба помеѓу Македонија и Бугарија. Целта е обезличување на македонскиот народ пред да влезе во европскиот дом на народите. Вие претседателе, заборавивте плиткоумно, лекоумно, кој ве избрал во мај 2019 година, реагира академската фела.

Борис Грујоски

Поврзани вести