Претепан германскиот десничарски пратеник Магниц

Локалниот лидер на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Франк Магниц, синоќа е нападнат и тешко повреден од страна на неколку лица во северозападниот град Бремен, соопштија од локалната полиција.

66- годишниот политичар веднаш бил однесен во болница , каде било констатирано дека има сериозни повреди на главата. Истрагата се сомнева дека инцидентот е политички мотивиран и повика сведоци да се јават да дадат исказ за случајот.

Партијата АфД утрово соопшти дека станува збор за обид за убиство. Магниц упаднал во заседа на тројца маскирани мажи, па паднал во несвест откако бил претепан со дрвен предмет.