Преставка до Aнткорупциска , ќе ја проверуваат ли академската кариера на Aдеми, Нухиу и Емрули ?

Тетовскиот Универзитет останува глув за скандалот со незаконското унапредување високото образование на јавни функционери. Укажувањата на вишиот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски дека министрите за образование Арбр Адеми, заменик министерот за внатрешни Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули за ректоратот биле неосновани. Инспекторот денеска поднесе нова преставка и до Антикорупциска која треба да утврди дали постои злоупотреба на функциите. Без реакција останува и ОЈО, од каде и поречиси еден месец од првиот инспекциски надзор на Илиевски нема отворено никаква постапка ниту по допрен глас.

Целосната документација Илиевски ја доставил и до премиерот, но наместо лично да се сретнат средба имало само со шефот на кабинет на Заев. Просветниот инспектор кој ги чешлаше добиените дипломи и документите во факултетот бара и средба со како што го нарече „вториот премиер“, Али Ахмети.

Од тетовскиот Универзитет пак во образложението до инспекторот пишуваат дека самите извршиле вонреден инспекциски надзор, ама не утврдиле недоследности.

-Причината за кои не постапиле по издадените решенија на Државен просветен инспектор е затоа што по наредба и задолжение на Директорот на државниот просветен инспекторат Томе Спировски на ден 06.06.2019-та е извршен вонреден инспекциски надзор на Универзитетот Тетово – правен факултет… и не констатирале законски пропусти во однос на чл.151 од Законот за работни односи и чл.135 од Закон за високо образование, стои во известувањето до Илиевски.

Имено, министерот за образование и наука бил унапреден од асистент м-р во доцент во период кога му мирува работниот однос на Универзитетот во Тетово. Иста е состојбата и со унапредувањето од доцент во вонреден професор на Агим Нухиу. За третиот функционер, помлад асистент м-р Сафет Емрули од помлад асистент во асистент во 2010 година, во 2013 во доцент и во 2018 во вонреден професор.

Откако скандалот беше обелоденет во јавноста, просветниот инспектор тврди дека добил закани, а реагирал и вицепремиерот Бујар Османи. За случајот со добивањето на дипломите информирана е и канцеларијата на ЕУ во Македонија, но и странските амбасади.

Ивана Соколовиќ Најдова