Преспанските овоштари на протести, си ги бараат парите кои владата им ги должи неколку години

Преспанските овоштари кои денеска излегоа на протест бараат од Владата во рок од 48 часа да им ги исплатат парите за штетите од невремето кои ги претрпеа во 2016-та, дел од 2017-та и 2018-та година.Го повикуваат премиерот и министерот за финансии да ја постапат по одлуката донесена на последната владина седница.Доколку парите не легнат на сметката на општина Ресен до 29-ти август кога истекува и крајниот рок,тие ќе ги радикализираат протестите.

Во спротивно, ние сме приморани,притиснати од извршители, долгови од земјоделски аптеки една, две или повеќе години, да продолжиме со нашите протести.Во краен случај доколку не наидеме на слух ќе продолжиме со таканаречен преспански марш,ќе одиме од Ресен до Скопје со механизација земјоделска – изјави Љубе Пампулевски – претседател на Здружение на овоштари „Благој Котларовски“ Ресен.

Очајните луѓе секогаш превземале очајни чекори и ние повеќе немаме што да изгубиме и сме решени да одиме до крај и да направиме се она што треба да се направи за Владата да го подмири долгот кон овиштарите,она што тие имаат обврска да го направат.Овие денови јас педантно пресметав дека најголем должник мене лично не ми се трговците,туку државата, должат по сите основи пари – изјави Стевче Радевски – с.Царев Двор.

Поврат на данокот не е направен две години, се жалат овоштарите на кои невремето им направило штети последниве 6 години,вклувајќи ги и послените две. Тие исто така бараат заклучно со почетокот на септември да има исплата на зелената нафта.Ова што ни го дава државата не е доволно,велат.

Ова е фактички социјална помош за земјоделците, нас треба државата да ни обезбеди пласман,30 години самостојна држава немаме договор за пласман на нашето јаболко.Ако се реши пласманот како што го решија Србија, Хрватска сите држави тогаш нема да имаме потреба од вакви протести – изјави Малиќ Шемшедини –  овоштар.

Состојбата е навистина алармантна,сето ова што го гледате овде, овој народ не е излезен туку така, од мака е излезен – изјави Турџан Зенделоски – овоштар од Ресен.

Финасиски изнемоштени без исплата на штетите и зелената нафта не ќе бидат во можност да ја завршат бербата на овогодинешната реколта на јаболка од која околу 500 хектари биле зафатени од невремето.Овоштарите бараат сите наведени барања да бидат дел од владината програма за да не мора се што им треба да добиваат преку протести.

Росица Голабоска